Во „новата иднина“ со најстарите закани

Предизборните кампањи се демократска екстраваганција во која секому му е дозволено да тропа што ќе му текне. Особено се трогателни оние што ги изгубија претходните избори (а и уште неколку пред нив), бидејќи „новата иднина“ (?!) што масовно се ветува по предизборните митинзи многу наликува на „дрвеното железо“ од „старото минато“ што предобро го памтиме.

Директно од најдлабоката морална канализација на тоа минато, во последниве недели се „пробудија“ сите нивни тролови, пропагандни битанги и новинарски ликвидатори, предводени од неколку доајени на новинарската глупост и злоба кои со години ја малтретираа јавноста, одработувајќи за сите национал-популистички автократи од регионов, од Милошевиќ до Груевски и назад. Наместо да им платат да молчат – повторно ги плаќаат да лелекаат по убавините на паднатиот режим. Тие и денеска не можат да прежалат што станавме членки на НАТО и што обидот за државен удар со упадот во Собранието на 27 април се покажа како лошо смислена и трагично изведена операција, со мизерен крај.

А така добро им одеше цела една деценија.

Дел од нив ликуваат поради евро-интегративното вето од Бугарија и тоа токму во деновите кога се слави почетокот на поразот на фашизмот пред 80 години. Кога ги читаш или слушаш, речиси да помислиш дека партизаните биле поразената страна во Втората светска војна. И дека таа фактичка состојба некако ќе се промени, само затоа што Бугарија денеска е во ЕУ, а ние чекаме да бидеме примени таму. Интимно претпоставуваат дека се повторно на погрешната страна на историјата, бидејќи не е нормално цел свет да врши притисок врз Софија, а тие да се во право. Компромисот по кој се трага, кога ќе се постигне, повторно ќе биде предавство за нивната задгробна кауза.

Она што ги обединува е омразата кон Заев. Повеќе одошто се мразат меѓу себе. Ни МАНУ не успеа да ги обедини како што треба, иако многу електро-инженерски (а и машински) труд се инвестираше во таа високонапонска релативизација. Само Заев го мразат здружено, како попови кои мрсат во петок.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e