Вмровците со нов скандал, го предлагаат „антидискриминаторот“ Даштевски за претседател на ДИК

Продолжува талкањето по политичките и криминалните беспаќа на вмровската партија на Груевски што ја води неговиот советник за енергетика, познат и како „математичарот“ или „хидро“ Мицкоски. По бламажата за време на техничката влада во 2020 година, со Драган Ковачки (одбиен), Наќе Чулев, Рашела Мизрахи, Цветан Трипуновски и неколку други неславни ликови од нивната сликовница на политичките апсурди, вмровците се закитија со уште еден лампион – го номинираат Александар Даштевски за нов претседател на Државната изборна комисија.

Веројатно малку луѓе ќе се сетат на него, но овој најнов бисер од кујната во белата дивоградба, Даштевски, не е наивен предлог. За кого се работи?

Секогаш кога ќе се спомне случај на дискриминација и кршење на човековите права и слободи, човек треба да се сети и на еден мрачен лик, партиски војник, потврден мразач, бранител на режимот на Груевски, „на браникот на криминалот“, што би рекол вмровецот Мицкоски.

Тоа е Даштевски, своевремено прв човек на државната Комисија за заштита од дискриминацијата. Него го постави Груевски со цел да го уништи ова државно тело за заштита од дискриминацијата и да го претвори во бедем токму за заштита и оправдување на неправдите на режимот. И на социјалните мрежи се однесува крајно скандалозно, се вклучува во неконтролирани хајки со изливи на омраза и клеветење, кои не му доликуваат на никого, а најмалку на некој што бил прв човек на државна институција за заштита од дискриминацијата.

Целата колумна на Џабир Дерала за Фронтлајн на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e