До вчера со каракачановци, денес најгласни Македонци

Дајте да бидеме реални. Какво фајде има нашата земја од „откровението“ на Бранко Црвенковски? „Папата“ во „стратешки“ момент решава да „проговори“ излегувајќи од длабоката сенка на својата баснословна претседателска пензија (иста како онаа на Ѓорѓе Иванов) и… Ништо. Сепак, изгледа дека сдсмовската „икона“ изгубила од својот сјај. И неговите најблиски му отсвирија аут, а неговиот повик СДСМ да се огради од изјавите на Заев за БГНЕС, неговата партија громогласно го отфикари по кратка постапка.

И не само СДСМ, туку и неброени знајни и незнајни „јунаци“ од политичката и јавната сцена. Тоа се случи толку брзо и во еден здив, што неговото „јавно обраќање“ падна во заборав само два часа подоцна. Не успеа ниту на Мицкоски и другите приврзоци на Груевски да им помогне да соберат троа повеќе луѓе на протестот со луксузни и помалку луксузни коли (и еден точак).

Е, па сега, вреди ли да се коментира „откровението“ на БЦ? Некој ќе го парафразира Џегер, па ќе праша кому му е потребен вчерашен весник… И самиот БЦ, во брзањето да го фати најпогодниот од сите моменти во изминатите години додека ужива во својата претседателска пензија, си даде автогол веќе во првата реченица кога напиша: „Во изминативе 7 години решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија“.

И најмалку заинтересираниот за македонската политичка џунгла, ќе праша каде бил до сега… Имаше режим, кражби на избори, тепање студенти, апсења, Сваровски судења… Зошто бившиот ни претседател сево ова време завиено со молк, ја прима таа убава, мрсна пензија, има канцеларија и ги користи доживотните привилегии на поранешен претседател на државата? Други, со малку подолго паметење, ќе постават уште едно логично прашање: Што направи тој за решавање на споровите за време на своето владеење како премиер во 90-те? Што направи потоа како претседател?

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e