Уште едно празно интервју на „големиот лидер“

23.11.2020 година, во текот на целиот ден,  партиските тролови како што Филип Петровски ги нарече во емисијата кај Васко Ефтов, се обидуваа предвреме да ја кренат гледаноста на интервјуто најавено во вчерашниот дневник на Сител на својот партиски лидер. На што Јоци со еден  брилијатно саркастичен статус    „ Дечки турете некој лајк кај Мице, од штаб им се успале, заборајле да го кренат лидерот со лајкови…„Старо, убилачки досадно, мизерно“ со кој ќе ги подразбуди партиските тролови да си ја потераат работата. Интервју кое уште пред да започне беше предмет на потсмев, прогласено за уште едно досадно интервју на големиот лидер на опозицијата.

Ме восхитува сознанието колку тие демек чувари, демек загрижени  за  здравјето на граѓаните и самите се дел од непочитување на протоколите.

На повикот на главниот уредник на информативната програма Славица Арсова-Спасовски да се почитуваат здраствените протоколи, да се стави маска, Миц во мачо стил, облечен во убав костим, седнат во безбедното студио, во друштво на шармантната Цаци,  одби да ги испочитува здраствените протоколи, утврдени од здраствените работници. Оние здраствени работници, кои што толку многу ги почитува и им се “поклонува од земја до небо“. Но не е ова прв случај, кога Мицковски не ги почитува здраствените протоколи.  Потсетете се само на случајот „ТЕРЕТАНА“ и случајот „КАФЕАНА“. Колку само непочитување од страна на “големиот лидер“  кон секој здраствен работник, кој секојдневно, деноноќно, ризикувајќи го својот живот, за да спаси туѓ живот, повикува и апелира на носење на маска.

Колку само  морбидно звучи кога одредена политичка личност со леснотија, изгубените човечки животи поради Ковид пандемијата ги претвара во обична статистичка бројка, правејќи споредба на починати човечки животи во државите во светот.

Колку само морбидно звучи, од устата на лице кое  во минатото е дел од претходниот владејачки систем  на Никола Груевски за кој Д-р Клаус Штамајер (поранешен германски амбасадор) во едно интервју вели дека „целосно ја руинираа Македонија и ја одведоа во ќорсокак“, плука по целиот здраствен систем, а притоа е  дел од поранешниот политички систем кој што дирекно допринесува кон уривање на целиот сегашен здраствен систем.  “Големиот лидер“ на опозицијата целиот период од владеењето на бегалецот Никола Груевски е дел од првите луѓе на партијата и наместо да се залага за развој и унапредување на здраствениот систем, целиот тој искривен политички систем се залага за сатанизација на Скопје, преку изградба на споменици на секој метар квадратен.  При целиот тој процес на сатанизација на Скопје, се потрошени вкупно 560 милиони евра. Дали знае Мицковски, со 560 милиони евра колку болнички возила, колку боци за кислород и респиратори ќе се набават , колку болници ќе се обноват?

За разлика од тогашната Влада на Никола Груевски, Владата на Зоран Заев сериозно ги зголеми платите на здраствените работници, што претставува  директен чекор кон зајакнување на еден здраствен систем.

Колку само морбидно одекнува хуманистичкиот повик на Мицковски, дека тој ја има вистинската формула (стратегија)  за справување со кризата од Ковид.

Ако намерите  се искрени и чесни? Ако намерите  се во интерес на зачувување на здравјето на граѓаните? Ако навистина  имате вистинската дефиниција за справување со пандемијата?

Тогаш не калкулирате со барања од типот:

Под, еден,  распуштање на „Комисијата за заразни болести“ и формирање на нова „Стручна комисија за ковид“, туку се ставате во функција на заштита на здравјето на граѓаните, и давате прифатливи предлози, предложени од “Вашите екперти“. “Вашите експерти“!? Како да ги држите луѓето во џеб и да тие претставуваат  ваша своина, или своина на партијата, а не станува збор за луѓе, експерти во својата област, индивидуи.

Под, два, барањето за прогласување на полициски час, е исто така политичко калкуланство од  страна на првиот човек на опозицијата , бидејќи: повторно ќе  го спомнам случајот „ТЕРЕТАНА“, каде дирекно првиот човек на опозицијата, не го почитува полицискиот час.

И трето, без срам и перде, се бара формирање на екпертска влада или влада за национален спас, а притоа пред неполна година се одржале парламентарни избори на кои вие не добивате доверба од граѓаните и граѓанството. А притоа знаете дека мандатот за состав на Влада го добиваат партиите кои имаат мнозинство пратеници во Собранието.  Со последното барање, “големиот  лидер“, бара начин како без спроведување на  избори, да предизвика пад на владата, а со самото тоа да предизвика оформување на некаква си “Влада за национален спас“, пандан на техничката во која не би се знаело „кој, што е“ и која би предизвикала длабока политичка криза, која би ја турнала државата во амбис.

Во спротивно сите овие калкулации претставуваат само начин како да се задржи претстолот, претседател на ВМРО ДПМНЕ, кој и те како е разнишан.

Сашко Петров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e