Тунева: Уште многу чекори ќе ни требаат за да еволуираме

Уште еден доказ дека животните се попаметни од луѓето. Куче „прописно“ си чека и претпазливо поминува на пешачки на Рузвелтова, ама наидува госпоѓа чија порака на мобилен итно мора да биде испратена, без таа нималку да го крене погледот. Спокојно си вози и поминува, па секунди фалат да го дигне кучето во воздух.

За мизеријата да е поголема, во истиот миг поминува дечко со џип од мама, тато, чичо, сеедно, на чии 300 коњи мора сите колективно да се поклониме. Среќа, умно куче, ја намириса намерата на госпоѓата и дечкото, па внимателно прави неколку чекори и застанува, чекајќи дотичните да си го потрошат „креативното“ лудило.

Уште многу чекори ќе ни требаат за да еволуираме. Кучето можеби нема моќ детално да размислува за она што го прави, ама го прави вистинскиот чекор! За разлика од човекот.

ФБ статус на Марина Тунева

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e