Тричковски: Пандемијата за ВМРО-ДПМНЕ е платформа за растурање на општеството

Само вмро се грижи за смртта на нацијата

Позициите на вмро-дпмне и на лидерот Мицковски во врска со пандемијата се атаци врз јадрото на општеството, пандемијата е за нив платформа за растурање на општеството, со други зборови тоа се велепредавнички позиции, односно криминални пристапи од највисок маштаб, тие не се грижа за здравјето туку за болеста на нацијата, за нејзината смрт, тие дури не се ниту против владата односно против неа се само колку што преку поткопувањето на владата можат да обезбедат простор за уништувањето Македонија, сеедно дали тоа го прават како луѓе со свест за тоа или како луѓе без свест за ништо. Нивната агресија е насочена кон усмртување на елеметарната доверба во институциите и во власта, кон убиство на смислата на заедничкиот живот преку сеење на хаос и паника. Нивните истапи се без преседан според својата одвратност во користењето на една несреќа за остварување на своите цели, според принципот колку полошо толку подобро. Со таа работа мора да се позанимава јавното обвинителство, итно,а власта, вклучувајки го тука и претседателот, има обврска да ја информира јавноста за оваа димензија на проблемот и за тоа што тие преземаат за одбрана од таа агресија.

ФБ статус на Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e