Тричковски: Јаз’к, другар Заев!

Пишува: Кики&Фрики

Да ти кажам нешто, другар Заев!

Ти, другар Заев, во овие две и пол години, ништо не направи, а и тоа што го направи, е ништо, јаз’к, другар Заев, јаз’к.
А толку те стимулиравме со конструктивна критика. Секој ден, секоја минутка, секоја секунда. Ти цртавме што треба да правиш, ама ти си тераше по Муртински. Јас, Владе, Мицко, Ивор, Дибек, Сузана, Биљана, Тања, Сиљана, Ќулана, Лигњата, Миленко, незгодно име за младог градског фрајера, цветот на Македонија!

Но, по муртински, денеска не можеш ниту френки да садиш, нели пак држава да водиш, другар Зоки.

Се им даде на Грците, се им даде на Бугарите, се им зеде на Македонците. На сите им направи по едно се. Ти мислиш дека ние весла цицаме и нафта пиеме и дека ќе ти поверуваме дека сите си ги третирал исто.

Хахаха!

Не, другар Заев, не, народот знае кој му ја спушта оваа магла. И знае дека вие од владата и од Бихаќка, седите врз неа и не и давате да се крене.

Сега се гледа, другар Заев, дека ти дојде на власт само и само за да можеш да ги рекетираш чесните бизнисмени за старски домови. Сироти силјани. Срамота! И СЈО го направивте само за рекет на чесните криминалци од вмро.

Но, неќе моќи даље проќи, другар Заев!

Природата се буди во април, кокичињата цветаат. И по некоја кајсија и слива. И народот ќе се разбуди. Јас со моите јануарски “дебели берти” ќе го разбудам и ќе му кажам дека криминалците на вмро можеме да ги испоапсиме само ако ги вратиме на власт, а името, идентитетот, дигнитетот и државата што вие ги уништивте, ги испосековте со косилките на антимакедонизмот и со косата на смртта, можат пофторно да потераат ако ги наѓубриме со сопствените говна!

Ние и сега сереме, но друг е квалитетот на говната кога сереш во школката на власта.

Другар Заев, јас да ти кажам!

ФБ статус на Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e