Таравари: Од таквите „космонаути“ како Даштевски не ни чини државата

Тешко е човек да премолчи на небулозите на ликови како досегашниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.

Бев вчудоневиден да видам дека на Твитер со дрвја и камења фрла против Петрит Сарачини, кого навистина го почитувам како новинар, без разлика дали имаме исти ставови за какви и да било прашања.

Нему на најкаубојски досегашниот претседател на Комисијата за (не)дискриминација му изрекува дијагнози кои според мене се разбираат како говор на омраза и дискриминација.

Се сеќавам дека еднаш го гледав човекот од Комисијата на една телевизија кога велеше дека цел живот се занимава со антидискриминација и дека не можел да направи чуда зашто не бил космонаут.

Епа, од таквите „космонаути“ не ни чини државата. Од антидискриминаторите кои дискриминираат, од експертите што импровизираат, од политичарите пазарџии, од мировницитe кавгаџии.

ФБ статус на Арбен Таравари

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ