Сугарески за изјавата на Захариева: Скандалозни се лажните вести со кои секојдневно се бомбардираат македонските граѓани

Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески реагираше на вчерашните манипулативни и лажни вести, пласирани од страна на бугарската министерка за надворешни работи Захариева, а демантирани од вицепремиерот Димитров и лажната вест од порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ демантирана од норвешките власти и македонското Министерство за одбрана.

„Скандалозни се лажните вести со кои секојдневно се бомбардираат македонските граѓани без разлика дали тие се пласирани одвнатре или однадвор. Само вчера еклатантни се примерите за лагите и манипулациите за наводната неусогласеност на македонското законодавство со ЕУ, или дека нашиот медицински тим е туку-така вратен од Норвешка.“, истакна Сугарески.

Тој нагласува дека и во двата случаи имаше бескомпромисни и остри деманти од надлежните. Во првиот реагираше вицепремиерот Димитров, во вториот случај демант стигна директно од Норвешките власти и нашето Министерство за одбрана.

„За жал лажните вести не престануваат и народот мора да биде свесен за манипулациите и дезинформациската војна со која се соочуваме. Граѓаните мора да бидат правилно и целосно информирани, но и да почнат да препознаваат лажни вести од веродостојни информации. Ова мора да престане.“, потенцира Сугарески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e