Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник на Прилеп избегаа од закажаниот ТВ дуел!

Соочување на програми, идеи и визии за развој на општината, за подобрување на животот и стандардот на граѓаните. Фер и коректна политичка дебата, со максимално почитување на противкандидатите од останатите политички субјекти. И сето тоа пред очите на јавноста.
Ова е тоа, кое сите ние кои претендираме да ја добиеме довербата на граѓаните на претстојните локални избори, треба да и’ го понудиме и овозможиме на пошироката јавност.
За жал, уште на самиот старт на изборната трка, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник на Прилеп, избегаа од дебата! Избегаа од закажаниот ТВ дуел! Ова е најдобриот доказ дека ВМРО-ДПМНЕ никако не може да се ослободи од груевизмот во себе. Дека е истата онаа режимска партија за која демократските процеси се мислена именка.
Господа од ВМРО-ДПМНЕ, на еден или друг начин, народот ќе ја направи разликата помеѓу вашите кандидати и кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ и Коалицијата. Или, како што би рекол вашиот неформален лидер, вистината е како шило…

ФБ статус на Горан Сугарески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e