Сугарески: Апсурдно е да се бара влада за национален спас, сигурно нема да ја има!

-Однародување на македонскиот народ никогаш нема да се случи. Никој не кажа каде тоа македонската држава го прекрши договорот за пријателство. Не кажуваат затоа што никаде во ниту еден член го немаме како држава тоа направено. А пак за ова што се бара некаква си влада за национален спас, апсурдно е да се зборува, сигурно нема да ја има, оценува екс министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

И претходно Сугарески го изнесе својот став за блокадата од Бугарија:
-Срамна и целосно погрешна е блокадата која денеска ја добива македонската држава од Бугарија. Немаме буквално никаков кабает. Повеќе е од јасно кој го прекрши договорот за пријателство. Ако било кој се надева дека ќе ни го одземе чуството на припадност Македонец кој зборува Македонски јазик, многу гадно се лаже. Тоа никогаш нема да се случи, порача Сугарески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e