Спор за договор

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:

1. Многу е тешко да се прифати дека е постигнат договор со Грција. Некако потсвесно, кога ќе се спомене Грција ти доаѓа да изговориш „спорот за името“, „спорот за името“, „спорот за името“… Дваесет и седум години тоа ни беша мантра. Па, преговори, преговори, преговори…

И сега, конечно – договор. Колку време ќе ни треба да ја прифатиме фразата „договорот за името“?

Е па, договорот е потпишан. Помина во Собрание. Ратификуван е. И во Грција е стигната веста за ратификацијата.

Сега ние ќе чекаме Грција да го испрати писмото до Советот на ЕУ и НАТО и да потврди дека пречките за Македонија се отстранети. И ќе чекаме францускиот претседател Емануел Макрон да каже дека Македонија може да добие датум за преговори со ЕУ. Оти нашиот претседател Ѓорге Иванов не го чекаме. Тој си кажа дека нема да одиме во ЕУ и НАТО. И ќе се секираме колку Холандија ќе биде строга и правична, а колку ќе ни прогледа низ прсти. Ама, со оглед на тоа дека германската канцеларка Ангела Меркел му пишала на Заев оти „Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој договор и силно ќе го поддржи“, би било катастрофално ако има непријатно изненадување.

Ние сега можеме и понатаму да чекаме, оти сетики сме научени на чекање и чекањето ни е најголема забава во нашите досадни животи еве веќе трета децанија. А што да прави човек во Македонија ако постојано не чека нов чекор на патот кон ЕУ? Иако, искрено, не сакам да поверувам дека сите тие што толку години напорно работеле на проблемот и се труделе да се најде решение, ќе остават туку-така на случајност и ќе дозволат тешко постигнатиот договор да не се спроведе.

2. А што чека ВМРО-ДПМНЕ? Лидерот Христијан Мицкоски го исплука договорот уште на невидено. А пратениците избегаа од собраниската седница на која што требаше да чуеме што мислат тие за договорот. Рекоа дека се против. Ама не кажаа зошто.

Сѐ ми се чини дека не сакаа да остават писмен и видео запис од нивните ставови зошто се тие против договорот. И каков договор со Грција кој на Македонија директно ѝ ги отвара вратите за ЕУ и НАТО тие би поддржале во иднина, каков што во минатото не успеале да постигнат. Со оние што протестираат на улица со руски знамиња барем сме на чисто дека не ја гледаат Македонија ни во ЕУ ни во НАТО. Ама, ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка партија што контролира значителен број гласови на опозицијата во Собранието, па не ѝ личи ставовите за договорот зад кој застанаа и ЕУ и НАТО да ни ги соопштува на улица на протестни маршеви. Оти тоа што се кажува на улица не се важи. Партиски соопштенија не се важаат. Се важи тоа што ќе се каже во Собрание. Тоа е документ што останува во архива. Во историјата влегува тоа што е кажано официјално на собраниска говорница.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e