Спасов: Срамно е оние кои потрошија 16 милиони евра за попис и го поништија сега да се сомневаат

Не знаеме колку сме ниту дали токму сме
Спроведувањето попис на населението,без оглед на заканите од тоа кој го признава а кој не, е мерило за способноста на власта и на функционалноста на државата.
Срамно е, оние чија партија и лидери потрошија 16 милини евра за спроведување попис во 2011 година и ги поништија неговите резултати, да се сомневаат во способноста на други за спроведување на оваа важна статистичка операција.
Со што можат тие, било кого, да убедат дека се способни да направат поверодостоен попис.
И на крајот. Сето ова води кон заклучокот дека не само што не знаеме колку сме туку и ,за жал на Гане Тодоровски,кој ги напиша стиховите, не знаеме и дали токму сме. И тоа е многу
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e