Спасов: Ова е во најдобар интерес на Русија

Тимоние навредува

Макрон беше арогантен.
Во духот на францускиот крал на сонцето ни порача: “Европа тоа сум јас” Во неа нема солидарност. Може и да се игра “Сам против сите”.Тоа ви го овозможува принципот на донесување одлуки со консензус. И отсуството на јасни принципи.Утре секоја членка за секое прашање може да постапи како него и да не образложува. Политиката на ЕУ по ова станува непредвидлива.
А Тимоние ја навредува нашата интелигенција. Става сол на лута рана. Се прави како се да знаел многу од порано. Решавањето на спорот за разликите околу името било само еден од условите . Ништо посебно. Сите наши напори и достигања ги стави под нозе.
Еден ден таков дипломат ќе се срами од своето подаништво.
Многу дипломати на САД и на Велика Британија ги напуштаа своите функции кога ќе оценеа дека нивната земја постапила не фер према земјата домаќин во која тие се дојдени со цел да ги унапредуваат односите.
Но Тимоние ја нема таа големина. За него важи онаа афористична дефиниција:”Дипломат е чесен човек пратен во странство да лаже во интерес на својата земја”. Дали ова што го прави е вистина во интерес на неговата земја е прашање. Но еден ден ќе се дознае.
Верувам дека и тој и Макрон веќе добиле честитки од Владимир Путин. Ова е во најдобар интерес на Русија која би била задоволна проширувањето на ЕУ да запре со приемот на Словенија и на Хрватска на Балканот. Ако говориме отворено како Тимоние.

Фб статус на Ѓорѓи Спасов

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e