Смилков: Собрани на тротоарот за сеир додека гори Глобал, некои си правеа селфи со пожарот

Утринските грозни, хорор слики од тоа што останало на 1кат во Глобал, е сликовит приказ на тоа какви ни станале душите црни.
Вчера, собрани на тротоарот за сеир додека гори Глобал, некои си правеа селфи со пожарот, додека на преносите во живо на социјалните мрежи можевме да слушаме како во позадина се смеат, си кажуваат досетки. За тоа што го прочитав во коментари додека луѓе, фамилии губат се, е во најмала рака нехумано, нечовечно.
Човек на човек му е најголемиот непријател.
Сакам да упатам уште едно најголемо БРАВО за пожарникарите, кои ги демантираа сите зли јазици и уште еднаш беа на висина на задачата. Фала му на Господ, што оваа несреќа помина без човечки жртви!
Сега е време за помош!
ФБ статус на Круме Смилков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e