Шаќири: Фантастична споредба направил Мицкоски

Фантастична споредба направил Мицкоски, за време Втора светска војна се губеле по 17 животи дневно а сега дупло повеќе да речеме. Па нормално, и фашистите да го имале вмро со ова раководство на своја страна бројките ќе биле поголеми, како сега со ковидот. Затоа што вмро е на страната на вирусот, од почетокот до сега кога веќе ситуацијата е сериозна. Вмро и Мицкоски навиваат за ковидот, не за државата и системот и граѓаните и тоа го прават отворено. Затоа не може и не смее да бидат дел од некаква си влада за некаков си национален спас, затоа што нацијата сеуште не се изборила со тоа зло, а со злото да се бориш против друго зло не може, тие се едноставно на иста страна.
Свесни ли сте дека никаде во светот не постои ваква политичка структура која едноставно се радува на колапс на системот за да некако некогаш дојдат на власт, а не се свесни дека доколку државата колабрира до степенот до кој тие посакуваат, дали здравствено, дали економски, тогаш ќе нема ни со што ни како да владеат. До кога со оваа одвратност?

ФБ статус на Ерол Шаќири

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e