Сега е време за сочувство, не за партиско „лешинарење“

Трагедијата со тетовската ковид-болница повторно на површина го вади најлошото од партиско-политичката понуда во државава. Уште пепелта во Тетово не е изладена, а македонската опозиција го вклучи пропагандниот апарат за ширење шпекулации, обвинувања, прозивки, притисоци и барање одговорност! Замислете, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ издадено 12 часа по несреќата, се вели дека „не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви“, а Заев и Филипче „се криеле“ од јавноста…

За овој вид на трагедии, секоја сериозна држава се однесува токму онака како што тоа го направи оваа власт до 12-тиот час од несреќата: во Тетово, уште пожарот и неизгасен, на местото на настанот се „нацрта“ половина Влада, на чело со Заев и Филипче; до полноќ веќе беше формиран Кризен штаб за одговор на трагедијата; градоначалничката Арифи даде коректна изјава за медиумите дека вечерта нема да има никакви официјални изјави за деталите од трагедијата (бидејќи тие, во тој момент, и не се знаеја!) и дека за тоа се задолжени надлежните институции (Обвинителство итн.) кои ја водат истрагата; и прозваните Заев и Филипче уште вечерта, со одбрани зборови, изразија јавно сочувство и оценки за димензиите на трагедијата; следното утро Владата и Советот на град Тетово одржаа вонредни и итни седници, од кои следуваа соодветни соопштенија…

Ноќта на инцидентот во Тетово и самиот бев сведок на ужасните димензии на трагедијата: ковид-болницата пеплосана до темел, иако противпожарните служби реагирале за рекордни 3,5 минути по првиот добиен повик за пожарот, што го изгасија за 40-тина минути по избувнувањето. Помош испратила и Противпожарната бригада од Скопје, иако тетовските пожарникари сами се справиле со големиот предизвик. Бројни амбулантни возила цела ноќ на линија Тетово-Скопје ги транспортираа телата на загинатите за обдукции во Скопје, бидејќи сите спасени од пожарот беа згрижени во Тетовската болница… Морничаво.

За какво незнаење, утрото по ноќта на пожарот, на „првичните индиции“ и „бројот на жртви“ говори опозицијата?!
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e