Сарачини: Оправдана грижата и револтот на граѓаните за загадениот воздух и животна средина

Автентична е и оправдана грижата и револтот на граѓанките и граѓаните за загадениот воздух и животна средина. Без оглед на обидите за политичка манипулација или конотација.

Се додека има загадување насекаде околу нас, ќе биде оправдано граѓаните да протестираат и да го бараат она што им припаѓа како основно човеково право. А, работа на институциите е да сторат се што можат тие барања да ги реализираат.

Долго време не се правеше речиси ништо и се замолчуваше јавноста. Сега почнаа да се прават работи и јавноста е гласна. Со оглед на состојбата, тоа е далеку од доволно, и за ова никој не смее да се прави дека не гледа или не слуша.

Додека е состојбата ваква, со ѓубре и загадувачи секаде околу нас – поддршка за секоја иницијатива за почиста и поздрава животна средина!

ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e