Салиу: Не дозволувајте политичари како Апасиев да ги материјализираат вашите патриотски чувства во гласови

Драги сограѓани МАКЕДОНЦИ,
Немојте да замислите ништо! Да, Министерот за надворешни работи е Албанец, и тука нема што да замислите. Но тој не преговара во името на сите Македонци, затоа што за вашиот идентитет, јазик, за тоа како вие се чувствувате, не може никој да преговара.
Вие сте Македонци, и такви ќе си останете, ако така се чувствувате и тоа право никој не може да ви го одземе. Македонци бевте и кога пред светот бевме фиром, Македонци останавте и после Преспа, и верувајте, Македонци ќе останете и после Апасиев, Заев, Мицкоски и Османи.
Не дозволувајте политичари како Апасиев, да ги материјализираат вашите патриотски чувства во гласови. Тоа го правеше еден политичар многу успешно, но се докажа дека во долгорочен период, таа политика не е продуктивна, и денеска големиот патриот што ги искористуваше вашите патриотски чувства за да се збогати и да ве краде, е само бегалец, обичен емигрант во една европска земја.
Затоа драги сограѓани Македонци. Сега, во овие моменти кога оваа држава никогаш не била по сплотена и во подобра ситуација, кога ја има поддршката на цела Европа, кога е рамноправна членка на НАТО, кога нема меѓуетнички проблеми, и кога се бориме против вирус кој не познава етничка или верска припадност, СЕДЕТЕ СИ ДОМА И ЧУВАЈТЕ СЕ!
Ќе има време за протести! Ќе дојде време кога ќе протестираме за поголеми плати, за подобар животен стандард, но верувајте, Апасиев не е човекот кој може да ја води таа битка.
Интернет патриотите не можат да водат вакви тешки битки. Они секогаш го бираат најлесниот пат… Да го искараат народот, да го поделат по секој можен основ, да се внесе несигурност меѓу луѓето, а секако, збунет, исплашен граѓанин најлесно се манипулира.

Фб реакција на новинарот Фуркан Салиу по објавата на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев во која го напаѓа Бујар Османи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e