Ременски: За оваа „повисока цел“ СИТЕ молчат 6,5 години и свесно овозможуваат застарувања и прикривања

Убаво е тоа што МВР ќе гради зграда за крим техника.

Три лабаратории од истата таа крим техника и не мора да ги бројат во опремата за сместување во зградата, зошто за нив “градежни работи изведуваше” деканот на Факултетот за безбедност во време кога “никој” не знаеше дека тој/тие “гради” и “опремува” по европски стандарди за други.

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски можел да побара од деканот Дујовски да му ја покаже “градбата за опремата на Факултетот”. Бидејќи и самиот знае како е опремена крим техника, може да се заинтересира (пак) кај Гордана Смаќовска до каде е со предистрагата од 2013 година и како МВР може „да и помогне“, освен што таа им дозволува сами да се истражуваат.

До тогаш нека си вештачат на предмети од кривични дела и никому ништо.

И за ова очекувам внатрешна контрола да се прогласи за ненадлежна како за се останато.

За оваа „повисока цел“ СИТЕ молчат 6,5 години и свесно овозможуваат застарувања и прикривања.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e