Ременски: Кога некој ќе ги допре „недопирливите“, станува проблем

Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси од мене како пратеник по изодени чекори на собраниски надзор (без резултат) на 30.05.2019 година доби пријава со докази против Гордана Јанкуловска и Сиљан Аврамовски, за непотизам и злоупотреба на службена положба.

Истиот ден, на 30.05.2019 година, ОЈО Скопје од мене како подносител доби кривична пријава со докази против Гордана Јанкуловска и Сиљан Аврамовски за злоупотреба на службена положба и несовесно работење во службата.

Пријавата има и дополнување за уште едно лице кое било должно да се грижи за законитоста и во своето постапување и во постапувањето на наведените двајца.

Знам дека ОЈО Скопје од истиот ден работи на кривичен предмет XXXIX KO 1636/19 од 30.05.2019 година.

До следните детали убаво е некој да се заинтересира како се трошеле државните пари и како се уживале права кои не им следуваат, ако во меѓувреме не нашле „правно покритие“?

Кога некој ќе ги допре „недопирливите“, станува проблем.

За вистинска борба против криминалот не требаат бонуси, заштита или бомби. Доволна е старата добра хартија, интегритет и ажурни институции. Се чека на ажурноста.

ФБ статус на Фросина Ременски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e