Пропагандистичката сабја на ВМРО-МВРО и наведнатите глави

Целта на пропагандистичката сабја на десното и „левото“ крило на ВМРО-МВРО не е толку да ги замолчи гласните и храбрите. Не драги мои. Главна цел е – да ги обесхрабри сите други, што ја веднат главата и молчат пред таа сабја и сеприсутно насилство и омраза!

Како што гледате, на гласните и храбрите ништо не им фали. Главата им е на рамења, колку и да сакаат мразачите да ја сечат, да бесат, да стрелаат. Главите на храбрите се гордо кренати и исправени, и им се спротивставуваат на насилниците и мразачите, кои се сега лишени од реална моќ да го прават тоа што го мислат и го соопштуваат гласно, безрезервно и – неказнето.

Но, имајте на ум, дека овие храбри луѓе, кои во име на цело општество им се спротивставуваат на главосечачите, се многу изморени од долгогодишната битка.

А богами, храбрите и прогресивните сили се многу повеќе – разочарани. Не толку од мразачите, затоа што ги знаеме добро, и ја вкусивме и ја издржавме нивната омраза и насилство во една цела деценија владеење на жесток режим и диктатура. И не само што издржавме, туку ги победивме.

Далеку е поголемо разочарувањето од молкот, од тоа што општеството брзо заборави со кого си има работа, а дел од него, особено сончогледите, опортунистите и кариеристите, тие што се приклучија на борбата на режимот пред самиот негов крај, веќе им се приклучија на мразачите и насилниците.

Затоа и некои од храбрите се откажуваат од битката, затоа што не им е баш пријатно да се борат со мразачите во име на некои што молчат, или со молк одобруваат сечење глави, стрелање, бесење, кои, за среќа, се сега само на зборови.

Но, ако ова продолжи вака, голема е веројатноста насилниците и мразачите да се вратат таму каде што беа пред неколку години – на врвот на моќта, со сите институционални инструменти „во тефтерче“, спремни да го силуваат и шиканираат цело општество.

Ако ја добијат таа шанса, знаете што следува, гледавме и чувствувавме цела деценија, слушнавме и со наши уши. Прикриени и неразјаснети убиства, ендеци, затвори за новинари, монтирани судења со однапред знаени пресуди, влечење за уши, за врат, пиштење-вриштење…Ќе дојдат и по вас. Ќе тропнат и на ваша врата.

Немојте да мислите дека тогаш ќе ве спасат наведнатите глави.

Петрит Сарачини за ЦивилМедиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e