Приказна од болничката соба

Чичко Б беше човек на своите 70 и нешто години. Чаршиски човек, активен учесник и сведок на сите општествени случувања. Се’ до инфицирањето со ковид-19, здрав, витален и полн со енергија за седумте и кусур децении живот.

На Инфективното одделение Чичко Б го донесоа само неколку денови откако медицинскиот тим од прилепската болница се погрижи да ја надминам животозагрозувачката фаза на болеста.

Го сместија во креветот наспроти мене. Беше исплашен и вознемирен, со повремени панични испади и гласно искажување на последиците кои кај него ги предизвикал коронавирусот. Веројатно заради фактот дека бев единствениот во болничката соба кого го познаваше, Чичко Б комуницираше само со мене.

А, бе, Милош… А бе се’ до денеска, јас бев најздрав од сите во семејството. Десет дена имав температура, ама ќе се напиев апче и ќе ја снемаше. Шо се случи наеднаш? Кај се најде, кај се запусти оваа чума? Готово е, толку е, ќе умрам – постојано и упорно повторуваше Чичко Б во првите неколку часови од неговото хоспитализирање.
Беше јасно дека на пациентите од соба бр.1 им претстои уште една бесона ноќ.

Обидувајќи се да го смирам, му велев дека се’ ќе биде во ред. Дека е многу важно да не ја симнува од лице маската со кислород, дека не треба да ја троши енергијата на зборување и дека сонот, макар на час или два, му е повеќе од потребен. Тоа што 10 дена со температура седел дома, во одредена мера ми раѓаше сомнеж и страв по прашањето дали не задоцнил со доаѓањето во болница, но сепак… Тука е, контактибилен е и свесен, со цел медицински тим околу него… нема шанси работите да појдат на лошо! Па, белки не се умира така лесно и за час!?

Ти само чувај ја на лице маската, диши од кислородот и нема да имаш проблем. Не се умира така лесно бе Чичко Б! – му велев со истата убеденост дека тешејќи го, јас всушност му ја кажувам вистината – дека и покрај опакоста и подмолноста на вирусот, сепак умирачката не бидува така лесно и едноставно.

Целата колумна на Зоран Милошески за Публикум на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e