Оваа вест посебно ме радува…

братислав димитров и јелена жугиќ се разрешени од директорските места во театрите со кои управуваа.

Разрешувањето на директориве и членовите на управните и надзорните одбори најчесто го доживувам без емоции. Како криминално-клиентелистички плевел кој треба да се исчисти за новите растенија да почнат да се развиваат правилно.

Но, оваа вест посебно ме радува. Овие двајца, а посебно жугиќ го уништија театарот во Македонија. Од институција која треба постојано да ги критикува и доведува под знак прашалник општествените норми, тие го сведоа театарот на ниво на партиска пропагандна алатка, чија задача беше да се исперат мозоците на се’ помалиот број посетители. Во согласност со идеолошката матрица на партијата, се разбира.

Башка, ужасни луѓе се. И глумци. И директори. Признавам, бато е одличен писател, ама сега џабе му е се’.

Павле Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e