Опасни предлози за поништување на договорите со соседите

Колку и да е разбирлива огорченоста и лутината за неисполнетите ветувања на Европа за почетокот на преговорите меѓу ЕУ и Македонија, многу се поопасни и штетни предлозите и идеите за раскинување на склучените и ратификувани договори со соседите Грција и Бугарија. Во време на силна дипломатска активност на Брисел и на Вашингтон да се најдат заемно прифатливи решенија со Бугарија, конечно да почнат преговорите, ваквите сѐ почести популистички и партиски мотивирани предлози, искажани јавно од компетентни личности, поранешни високи владини функционери и дипломати, можат да предизвикаат катастрофални последици по државните стратегиски интереси.

Едно е да зборувате што е неприфатливо, а сосема друго е да се бара поништување на договореното. Секој договор има клаузула за раскинување. Многу е лесно да се раскинат договорите, тешко беше да се постигнат. За тоа Македонија потроши 30 години и неколку генерации. Големата примамливост на пропагандите за раскинување на договорите, поради чувството на граѓаните дека сме измамени, е на задоволство и од полза на сите противници да ја видат Македонија како членка на ЕУ. Тоа во крајна линија би било големо олеснување и за Брисел и за сите други што ја поддржуваат Македонија на европскиот пат, ако по наша вина превладаат вакви безумни блокади. Дури и ако не се остварат, што е најверојатно, штетите можат да бидат ненадосместливи. Нема полошо решение од тоа Европа и Америка, и сите наши поддржувачи, да кренат раце од нас поради еден ваков безумен акт.

Како да не брзаме, кога доцниме со децении?

Заговорниците и пропагаторите за поништување на договорите со Грција и со Бугарија јаваат на оправданото незадоволство на граѓаните, иако добро знаат дека во изминатите три децении изградбата на целиот општествен, политички, економски, парламентарен и законодавен систем, вклучувајќи го и Уставот, почиваат на западноевропските закономерности и вредности. Целата национална стратегија за сестраниот развој на Македонија е планирана на темелните определби за остварување на евроатлантските интеграции. Сето тоа со голема леснотија се доведува во прашање со шарлатански и необмислени, по многу нешта и злонамерни јавни настапи на личности, не само од политиката, туку и од науката.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e