Нон-пејпер, хартија за медиумско потпалување етнички страсти и „патриотски“ говор на омраза

„Ексклузивното“ објавување на т.н. “Non-paper” за македонско – бугарскиот спор од „Клан Македонија“, и покрај демантите од Владата и претседателот на државата дека станува збор за официјален предлог, предизвика бура од  медиумски содржини, дел од кои изобилуваа со невистини, потпалувачки говор и говор на омраза.

Оваа куса анализа се осврнува на потпалувањето етнички страсти и говор на омраза во колумната со наслов „Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!“ од уредникот на „Плусинфо“, Бранко Героски, како при неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа од страна на еден од водителите, Горан Момироски, кој во емисијата изјави дека „ќе се леат реки крв за оваа работа“.

„Патриотскиот“ говор на омраза во колумната на Бранко Героски

Во една прилика укажав дека „патриотскиот“ говор на омраза е препознатлив по намерата за разгорување, поттикнување, или оправдување на омраза кон внатрешните и надворешните „непријатели“: „Во основата на ваквиот говорот на омраза е поделбата на „Ние“ („патриотите“) и „Тие“ (непатриотите), кои се етикетирани со најразлични стигматизирачки називи“. (видете „Патриотски“ говор на омраза (1)).

Авторот на колумната „Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!“, прави токму такви поделби и се обидува да потпали етнички страсти и да разгори омраза кон „непријателите“ користејќи повеќе реторички стратегии.

Целата анализа на Жарко Трајаноски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e