„Не сте сите исти“, господине Мицкоски!

Она што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават со негативната кампања кон Зоран Заев, преку соопштенијата, прес-конференциите, вклучувајќи ги и ТВ-дуелите, неизбежно провоцира реакција кај граѓаните, со која му даваат поддршка на лидерот на СДСМ. Во духот на „што је више клевета и лажи, Тито (Зоки) нам је милији и дражи“, познатата парола со која народите и народностите на поранешна Југославија им возвраќаа на странските пропаганди кои имаа за цел со своите кампањи да го оцрнат нивниот сакан водач.

Се разбира, далеку е Зоран Заев од популарноста на Јосип Броз Тито, но анкетите што во серија ги спроведуваат реномирани стручни компании што го испитуваат јавното мислење во изминативе 4-5 години, покажуваат дека откако во 2017 година Заев му ја презема титулата на Груевски, тој е сè уште најпопуларен политичар во земјава. И последната анкета на „Брима“ покажува дека тој има рејтинг од 11,8 отсто меѓу граѓаните, додека рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е 7 отсто, и тука, отприлика, со плус- минус еден или два процента се забетонирани обајцата.

Ваквиот сооднос во рејтинзите веројатно е и причината поради која Мицкоски на ТВ-дуелот на „Канал 5“ синоќа не можеше да се воздржи да не ја покаже нетрпеливоста кон својот политички опонент која се граничи со омраза. Мачно беше да се гледа професорот Мицкоски, кој од час во час заличуваше на маалски инаетчија, па наместо да го лови премиерот со прашања од економијата за која самиот вели дека е експерт, тој „тaпеше“ со здодевни, празни флоскули, со 100 пати повторени упади за 14-те загинати во тетовската болница, пропуштајќи ја шансата да презентира делови од својата програма за која вели дека ја има и дека е стручно подготвувана. Вака ни остави само реторичко уверување дека неговата влада ќе биде подобра од оваа, без никакви аргументи за тоа.

Притоа, за сето време изигруваше и обвинител и судија, прогласувајќи за виновни министри, градоначалници и директори од актуелната власт, најавувајќи одмазда кога тие ќе дојдат на власт, потсетувајќи на едно минато време кога извршната власт беше три во едно, и извршна и судска и законодавна.

Она што Мицкоски очигледно не го сфаќа е дека со перманентното оцрнување на Заев, всушност му прави услуга. Него му го крева рејтингот, а својот го спушта.

Целата колумна на Љубиша Николовски за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e