Надојдениот Вардар доаѓа за првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, даскалот Христијан Мицкоски

Надојдениот Вардар, доаѓа за првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, даскалот Христијан Мицкоски. Најавениот конгрес на 28 март, од „Мериот коалицијата“, е всушност лакмус тест за кои делегати од Валандовскиот изборен конгрес, кога беше устоличен за наследник на Груевски, му се лојални нему,а кои сметаат дека тој понатаму не може и нема капацитет да ја води опозицијата во идните политички битки со власта. На тој конгрес во Валандово , како единствен (сталинистички) кандидат, од старт се соочи со незадоволство и отпор меѓу видни и истакнати долгогодишни вмровски високи партиски и државни функционери. Сегашниот негов близок соработник, поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошески, заедно со Илија Димовски, и неколкумина други, бараа одложување на конгресот, за да го спречат неговиот избор, во што не успеаја. Понатаму се е историја.

Чистка која донесе порази!

Во најголемата опозициска партија се случија турбулентни турнуси, со кои се видоизмени самата суштина на партијата. Во изминатите 3 години, наместо Мицкоски да ги збие внатрепартиските редови, и да го прошири својот коалициски капацитет и потенцијал ( со други опозициски партии), но и со предвиден етничкоалбански коалициски партнер, тој влезе во брутална пресметка со видни партиски неистомисленици кои не се согласуваа со неговите политики (особено околу ставот и дејствувањето на ВМРО за референдумот за смена на уставното име). Таа негова пресметка со Мијалков, Конески, Рангелова, Тодоров, Митко Јанчев и многу други поранешни високи партиски имиња, не само што му одземаше перманетно енергија, туку и му одзема илјадници гласови, за кое резултат е губењето на парламентарните избори, минатата година на 15-ти јули. Мицкоски на тие избори го достигна историскиот минимум од околу 300.000 гласови, кои важат за „бетон“ вмровско гласачко тело, но воопшто не привлече на своето конто неопределени, разочарани и гневни од политиката на Заев во изминатите три и пол години (корупциски афери, смена на уставното име, мега криминалната афера „Рекет“, пропаст на Специјалното јавно обвинителство). Дури Даскалот, не успеа да ги преповтори, математички прецизно и „чистите македонски гласови“, на професорката Гордана Силјановска-Давкова, од вториот круг на претседателските избори од околу 380.000 гласови, кои ќе му беа доволни да биде веќе актуелен премиер на Македонија.
Целата колумна на политикологот Благојче Атанасовски за Фактор на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e