Мишолиќ: Сакам Заев и СДСМ да бидат казнети, но не сакам да биде наградено Злосторничкото здружение

Од една страна, сакам Заев и СДСМ да бидат казнети. Поради Кочо и „одличната“ економска политика, „потврдена со рекордните странски инвестиции“. Заради МРТВ, Сител, Канал 5 и повеќето други нечепнати медиуми, заради кои „напредувавме“ дури 14 места на листите за слобода на изразувањето, и сега сме на, исто така „одличното“ 95. место.

Премиерот дури тоа („напредокот“) посебно го потенцираше како успех. Сакам да бидат казнети и поради сите сликања, дружби и соработки со Тредичи. поради Филипче и јавното-приватно партнерство во здравството, поради тоа што за 2,5 години не предвидоа во буџетот пари за асистенти на Институтот за хемија, а слично или идентично е во повеќето фундаментални образовно-научни институции. Сакам да бидат казнети и поради марихуаната на Заеви и Биг Мајк. Не помалку и поради Шеќеринска и тие околу неа, Шилегов, Мира Дизел, Локвенец и другите 10.000+ евра за патни трошоци…. За загадениот воздух, кој допрва ни се враќа, да не зборувам. Како и за правосудството.

Од друга страна, не сакам да биде наградено Злосторничкото здружение. Нема никакво сомнение дека тие се уште поголемо зло.
А, не може едното без другото. Не може едните да ги казниш, без другите да ги наградиш. Бидејќи, нема трет. Толку е едноставен заклучокот, а толку компликувано решението, за тој заебан 12 април.

ФБ статус на Миодраг Мишолиќ 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e