Мишолиќ: Добро е да се патува со лична карта, но најдобро е воопшто да нема граници

Ова со „малиот Шенген“ ме потсетува на пругата кон Бугарија. Убаво е тоа, ама треба да има што да се превезува или кој да патува.

Не е доволно патлиџани или по неколку десетини луѓе на ден. Требаат стотици тони и илјадници патници. Само тогаш се исплатат такви проекти.

Добро е да се патува со лична карта, но најдобро е воопшто да нема граници, како што беше некогаш со Србија, и како што е денес низ цела Европска унија. Тоа ќе биде нешто што ќе го промени квалитетот на патувањето.

А ако треба да чекам на граница, не ми прави голема разлика дали ќе им ја покажам личната карта или пасошот.

ФБ статус на Миодраг Мишолиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e