Милошески: Непристојно е да се слуша како доскорешни членови на злосторничкото здружување и нивни идеолошки близнаци, ја обвинуваат актуелната власт за нехумано владеење

Непристојно е да се слуша како доскорешни членови на злосторничкото здружување и нивни идеолошки близнаци, ја обвинуваат актуелната власт за нехумано владеење, како апелираат на чесност и одговорност.
Се сеќавате на легендарниот Гари Купер и вестернот „Дрво за бесење“? Нам очајнички ни треба едно такво дрво, на кое еден по еден би ги ределе сите злотвори кои ни украдоа по деценија и кусур од нашите животи. Судејќи според нивниот број, многу е веројатно дека ќе ни требаат дузина такви дрва, оти едно не би ја завршило работата. За почеток би можеле да висат со нозете пругоре, што би им помогнало на животот да гледаат од една поинаква перспектива. Поприземна и пореална.
Раните ќе заздрават. Ќе останат лузните на нашите души од бесрамното и нечовечко владеење на мафијашката братија. Прошка за никој, казна за сите. До еден. И оставете ја настрана тезата дека сите нив ќе ги стигне “божјата казна“. Верувам дека Бог ќе си го направи своето, ама и судовите нешто мора да сработат.

ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e