Мицковски: Во бројни криминално-коруптивни скандали, претседателот делува како стабилизатор и смирувач на тензиите

-Претседателот ќе биде прв македонски претставник кој ќе одржи средба со Макрон по недобивањето датум. За потсетување Заев пред Самитот 4 месеци бараше средба со францускиот претседател, без барањето да му биде задоволено. – пишува Ивор Мицковски со својата најнова колумна за Дојче Веле насловена како „Пендаровски – прво државник, потоа политичар“.
-За почит е како во една нова фаза на политичко разочарување и партиски судири, во време кога се случија бројни криминално-коруптивни скандали, претседателот успева да ги адресира вистинските теми и прашања, на вистински и некомотен начин, а во исто време да делува како стабилизатор и смирувач на тензиите, во политиката и во општеството. Доколку продолжи вака трезвено и институционално ригорозно да ја спроведува својата функција, Македонија ќе добие голем државник, а дури потоа и голем политичар. – констатира Миковски.

– Пендаровски е институционална машина, државен службеник за пример, конечно правилно и правично награден да биде претседател на државата. Би претставувал огромен напредок за нашата земја овој негов квалитет да се разбере малку подлабоко од најголем дел од политичките и државни функционери и да се угледаат на неговиот пример.
Пендаровски одлично се постави пред серијата болни политички и идентитетски прашања поврзани со промената на името, на кои опозицијата дури и пречесто ја подгреваше јавноста. За разлика од владејачката партија, премиерот и други функционери кои претеруваа во употребата на Северна и онаму каде не треба и никогаш не се посветија малку подобро да се обратат кон граѓаните кои голтнаа горко апче, Пендаровски тоа го направи подобро и пореално. – се вели во колумната на Мицковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e