Мицкоски спротивно од најавите на Бајден

Очекуваме пораката на Бајден да биде мотивирачка за домашната и регионалната политичка сцена и да помогне Македонија и регионот да се вклучат на брзиот колосек кон ЕУ.

За жал, најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одат во спротивен правец. Упорно повикувајќи се на „народот“ Христијан Мицковски, коментирајќи ја Наредбата изјави:

„Ќе го насочиме нашето дејствување согласно народната волја веќе определена на референдум во 2018 година“.

Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму нема да го признава и почитува Преспанскиот договор и ќе се залага за неговото поништување „согласно волјата на народот“. Овој став го потврди и Тимчо Муцунски, кој е меѓународен секретар на партијата. „Тоа што народот неколку пати го има кажано ние ќе дејствуваме во таа насока и тоа е стратешки интерес на македонските граѓани“, изјави Муцунски.

Ова укажува дека тие ќе продолжат да ја спроведуваат својата деструктивна, военохушкачка и дестабилизаторска политика, опиени со нов националистички допинг од Будимпешта на избеганиот лидер и ќе продолжат да ја дестабилизират Македонија загрозувајќи го на тој начин и мирот и просперитетот на целиот регион. Левица, која идеолошки е поблиска до екстремната десница, категорички најавува дека нема да ги следи инструкциите од Бајден и директно ќе му опонира и ќе се спротивстави, како што се вели во соопштението: …„на штетните политики кои се резултата на Охридскиот догвор“. Од Левица наведоа дека „наредбата е дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика“.

Пораката на Бајден е јасна и што побргу ја разберат, Мицковски и тие до него вклучувајќи го и Апасиев, тоа подобро за Македонија.

Александар Николиќ Писарев за ЦивилМедиа, Кој (не) ја разбра пораката од Бајден? (1), објавено на 13 јуни, 2021

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e