Мицко&Села – „Стокхолмски синдром“ во домашно пакување

Премногу се свежи лузните од 27 април 2017 година, за да заборавиме што се случи во тој „крвав четврток“, еден од најцрните датуми во нашата понова историја. Упадот на организираната толпа во највисокиот законодавен дом, Јавното обвинителство го квалификуваше како кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, заради што повеќемина учесници на настанот беа осудени на високи затворски казни. Видео снимките сведочат за бруталноста со која беа тепани пратениците, особено Зијадин Села, кој остана жив само по сплет на среќни околности.

Можат Гордана Јанкуловска и останатите од тогашното раководство на ДПМНЕ колку што сакаат да глумат лудило и да се оградуваат од настанот. Меѓутоа, инволвираноста на Грујо и злосторничкото здружување во организацијата на сето она што се случуваше пред и во највисокиот законодавен дом, е повеќе од очигледна. Она што дополнително го засилува ефектот на „Стокхолмскиот синдром“, е фактот дека и Мицко беше дел од толпата која упадна во Собранието со намера да предизвика државен удар и, како што сведочеа дел од пратениците, да убијат некои од нив. Првенствено, Заев, Џафери и – Села.

Партискиот колега на Села, Арбен Таравари, рече дека тоа што Мицко се извинил за настаните од 27 април, било доволно да му се простат гревовите.

Извинувањето на Мицко во стилот „Извини, Пиги, морално беше“, Таравари може да го прифати само како разрешница на лично недоразбирање помеѓу нив двајца.
Целата колумна на Зоран Милошески за Публикум на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e