Манипулант

Христијан Мицкоски не сака да дојде на власт во државата. Вака му е најдобро, има пари, статус, возач, обезбедување, негова слика во секој партиски штаб во државата, како да е Тито. Пишува Никола Тодоров.

1. И на 100 илјади гласови да падне ВМРО, не си одам. Вака Мицкоски му кажал на еден човек со кој се сретнал. Човеков со неверување ја дочекал констатацијата и нивото на авторитаризам кое го манифестирал претседателот на опозициската партија.

2. И десет порази по ред да имам, не си одам и не ја оставаме партијата на друг. Вака му кажал на еден друг човек, негов пријател, кој потоа истово ова гордо и арогантно, го потенцирал при секоја негова средба со кој било партиец или непартиец.

3. Еден човек близок до ВМРО-Народна, кој Мицкоски го познава уште од времето на Либерална партија, неодамна ми рече: Мицкоски добро почна, но само по неколку месеци престана да ги слуша сите оние кои во една реченица немаше да го полеат со воспевање за тоа колку е добар, паметен и политички брилијантен. Вели, доколку не го фалиш постојано, ја прекинува комуникацијата. Велам, а замисли да му изразиш несогласување или да му образложиш различен став од неговиот и тоа да го направиш со аргументи? Вели, тогаш ќе те снајде тоа што тебе те снаоѓа, ќе измисли за тебе куп лаги, ќе даде налог да те масакрираат на ФБ, ќе те прогласи за предавник и секој кој ќе си дозволи да ти направи муабет или да се види со тебе, ќе го снајде истото. Без милост!

Почитувани мои, обидете се преку едно релативно едноставно истражување на јавното мислење, да ги дефинирате овие ставови преку призмата на обичниот граѓанин. Направете една фокус група. Ова е едноставна алатка која дава исклучително важни резултати за некоја личност, процес, политика или проект. За да направите едно вакво аматерско истражување, побарајте од неколку ваши блиски пријателки и пријатели, на различна возраст и со различно ниво на образование, да ги прочитаат овие три реченици, анонимизирани, и да го опишат со еден збор, за секоја реченица посебно, човекот кој има вакви ставови. Јас ова го направив и добив неколку клучни зборови кои го опишуваат човекот кој стои зад овие ставови. За жал анонимизирањето не ми успеа, па уште првиот веднаш се досети, и ми рече ова сто посто на Мицкоски се однесува. Знам очигледно беше. Но, обидете се и вие и споделете со блиските или пријателите каков резултат ќе добиете.

Целата колумна на Никола Тодоров за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e