Лукароски: Власта е таа што го спаси судството од канџите на Мијалков

На фејсбуков и во некои медиуми прочитав коментари во коишто ја критикуваат власта затоа што се фалела дека ја вратила правдата во МК, а судството било независно и не зависело од власта…

Она што ми е најинтересно, а истовремено и ме вади од такт, е тоа што критиките доаѓаат од ИСТИТЕ луѓе и „експерти“ што досега го критикуваа СДСМ затоа што не ја вратила правдата во МК… Па нели независно е судството? Нели ништо не зависело од власта?

Или битно е само да се лае по власта, а критериумите ќе ги ‘тегнеме’ небаре се пластелин?
Вистината е една… Од власта не зависат судските пресуди, но власта е таа што создава услови за независно судство… Власта е таа што го спаси судството од мијалкови канџи…
Тоа и ‘лајачите’ го знаат, ама ќе си продолжат тие и натаму со нивното лаење!

ФБ статус на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e