Лукароски: Решение е битно да се најде заради нас…И очигледно е дека треба поинаков пристап

Дали е историјата менлива категорија?
ДА!
Изледа шашаво, ама така е…
Историјата нели ја пишуваат победниците, а со тек на време и победничката страна се менувала… Има многу примери за такво нешто…
Башка, многу ‘истории’ биле (и се) резултат на пропаганди… Па луѓе со лимитирани информации биле жртви на тие пропаганди…

Ајде да погледнеме на проблемов од една друга перспектива… БЕЗ ПРЕДРАСУДИ ве молам…

Денешниот дел од Македонија од 1929 до 1941 год. бил дел од Србија… Правеле ли Србите зулуми? Секако дека правеле… Иако многу децении кај нас се молчеше за тоа… Да бидеме за момент објективни… Во школите (на сила) се учело на српски јазик… Презимињата биле менувани и морале да завршуваат на ‘иќ’… Не е ли тоа класична форма на асимилација?

Арно ама, со истите тие „лоши“ Срби после станавме браќа…
Како од денешна перспектива јас лично гледам на таа промена?
Гледам ПОЗИТИВНО… Се радувам што живеев во иста држава со Србите… Се радувам што живеев и со Хрватите, коишто претходно го имаа Анте Павелиќ… И Србите и Хрватите ги чувствувам како пријатели… Без оглед на нивните гревови…
До ден-денес често ми се случува да ме ‘улови’ југоносталгијата, иако и таа Југославија правеше/правела гревови… Голи Оток е еден од нив…
Дури и се’ уште сум со став дека без Тито ние ќе останевме дел од Србија (читај: ќе бевме без држава)…

Имајќи ги во предвид овие примери, искрено се надевам дека и во Бугарите по неколку години или децении ќе гледаме пријатели… Така јас ги толкувам заложбите на Зоран Заев… Да не дозволиме да останеме заробени со пранги и окови, заради лошото минато…

ФАКТ е дека Бугарија во 1941 година стана сојузник на нацистичка Германија… Сите сме ги гледале оние фотографии на Хитлер со Цар Борис… Имаме и многу живи сведоци од тој период… ФАКТ е и тоа дека на крајот на 2-рата светска војна Бугарија стана сојузник на руската Црвена Армија и дека учествуваше во ослободување на неколку македонски градови…

Како и да е, гревовите што Бугарите ги правеле во НОБ се неспорни… Масакрот во Ваташа којшто деновиве многумина го спомнуваат не е единствениот бугарски грев… Ги има уште многу други… Но ако сме собрале храброст во 1944 година и визионерски сме се определиле да станеме пријатели со ‘лошите’ Срби, Хрвати итн., зошто истото да не го направиме и сега со Бугарите?
Не мора да мижиме за тоа што се случувало во 1948 година, кога на луѓето им било забрането да мислат поинаку… Но времето покажа дека Македонија ДОБИ многу со таквата политика на Тито…
Тешко одело тогаш, тешко (ќе) оди и сега…
Желбата за пријателството била водилка тогаш, нека биде и сега…

Тогаш сме се обединувале во Југославија, сега треба да се обединиме во Европа…

Во моментов најголема пречка за остварување на нашите цели се неколку политичари од бугарскиот врв… На ‘нормален начин’ со нив нема никогаш да најдеме решение… А решение е битно да се најде… ЗАРАДИ НАС… И очигледно е дека треба поинаков пристап… Треба многу мудрост, многу дипломатија, многу помош од меѓународната заедница… Сето тоа да оди синхронизирано… Во моментов имам силна доверба дека Заев ќе успее… Докажал веќе дека може да го направи и невозможното… Заслужува да му се даде поддршка…

ФБ статус на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e