Лукароски: До пред неколку години во фотошоп се правеа некролози од западните политичари…

Колку и да сме гневни на Бугарија, единствениот исправен пат е да се бориме да направиме од нив ПРИЈАТЕЛИ… Не само заради зачленување во ЕУ… Има уште милион други причини…
До пред неколку години цел свет ни беа непријатели… Во фотошоп се правеа некролози од западните политичари… Со сите соседи се гледавме низ нишан… Меѓународната заедница ни беше омилена мета за отстрел…
Градење пријателства…
Тоа е она што секогаш треба да ни биде цел…
Само така ќе докажеме дека заслужуваме да бидеме во Европа…
Верувам дека не е далеку денот кога и бугарските политичари во однос на Македонија ќе почнат да инвестираат во сегашноста и иднината, а не да останат заробени во минатото…
Фотографиите се од денешните средби на Зоран Заев со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, со претседателката на БСП, Корнелија Нинова, со претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов и со бугарскиот претседател Румен Радев!
ФБ статус на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e