Лукароски: Ниту една држава од ЕУ не застана во одбрана на својата земја-членка Бугарија!

Меѓународната заедница сè поотворено ѝ дава поддршка на Македонија во битката за влез во ЕУ… Во Европскиот парламент денес е тензично… Притисокот кон Бугарија е многу силен…
НИТУ ЕДНА ДРЖАВА од ЕУ не застана во одбрана на својата земја-членка Бугарија!
Денешни вести:
Катарина Барли, Потпретседателка на Европскиот парламент:
► Ако сте дале ветувања, треба да ги одржите и ако сте ги подигнале очекувањата, треба да ги исполните. Во случајот со С. Македонија, ЕУ не ги исполни ниту очекувањата, ниту ветувањата. Долгото чекање на земјата пред вратата на ЕУ е фрустрирачки, но не само за неа, туку и за ЕУ.
Тинеке Штрик, холандска европратеничка:
► Гледаме вид на загадувачки процес од бугарските власти во случајот со С.Македонија. Бугарските барања немаат никаква врска со критериумите за членство во ЕУ. Бугарската блокада претставува ризик за нарушување на кредибилитетот на ЕУ. С.Македонија треба да ја има таа перспектива и ние треба да испорачаме.
Европртатениците Тонино Пицула (Хрватска) и Марек Белка (Полска):
► Ги осудуваме провокативните изјави на претставници на бугарската влада за историски прашања што ја засегаат С Македонија, што е спротивно на духот за добрососедство и ги повикуваме бугарските власти да се воздржат од такви изјави и покрај изборната кампања што е во тек во Бугарија.

ФБ статус на Ацо Лукароски  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e