Лажливото овчарче Милошоски

Антонио е веќе познат по своите лаги „ од дипломатски извори„. По блокадата од Бугарија на преговарачкиот процес изјавуваше дека „од дипломатски извори„ дознал дека блокадата на преговорите ја подржувале и Данска и Холандија па нивните амбасади во земјава мораа да го демантираат јавно и да му соопштат дека шири лажни вести.

Тој од доверливи „дипломатски извори„- кои секогаш се докажувааат како лажни, кажува какво решение е договорено за националноста на Гоце Делчев, какви „бизнис зделки„ во пакет со решнието за почнување преговори се направени меѓу Заев и Борисов, кој каде отишол по провизии за изградба на Клиничкиот центар и кои се нови „национални предавства се подготвува да го направи сегашната влада„.

И така прават сите што како него сметаат дека за нив не постои ниту политичка одговорност, ниту казнивост ниту образ. Да постои срам или елементарна одговорност денес Милошоски би бил многу повоздржан во ширењето на лаги, дезинформации, клевети и навреди. Но што вреди?

Многумина како него сметаат дека можат да се спасат од одговорност само со смена на власта и враќањето на неказнивоста од времето на Груевски. Антонио Милошоски веќе подолго време е еден од обвинетите во случајот „Моќник„ што го покрена Специјалното Јавно обвинителство. Во тој случај, Милошоски е обвинет за злоупотреба на државната функцијата , со која неговото семејство се стекнало со нелегален имот во вредност од 50 илјади евра.

……………………………………

И се додека Антонио и сличните како него, избегнуваат казнивост и не ја плаќаат штетата, тие со лаги ќе предизвикуваат блокади. Ќе внесуваат вознемеиреност меѓу населението, ќе шират страв од национални предавстава, страв од Бугарите, од Грците од Албанците и ќе ја глумат улогата на лажни бранители и уставобранители.

Оттука, време е некој дуото ММ ( Милошоски и Мицковски) да го праша кои се тие „доверливи дипломатски извори„ кои лажно ги брифираат. Дали сами ги измислуваат или некои дипломати , може би свесно и за свој интерес свесно им подметнуваат.

Целата колумна на Ѓорѓи Спасов за Фокус на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e