Лазаревски: Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ се елементарна непогода за Скопје и Скопјани

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ се елементарна непогода за Скопје и Скопјани
Коце Трајановски е негативен пример за градоначалник кој покажа тотална неспособност и неодговорност за време на кризни ситуации, каква што беше поплавата во Стајковци која однесе десетици човечки животи.
Жртвите од катастрофалната поплава на 6 август 2016 во Стајковци и околината беа директна последица на непреземање мерки за заштита пред поплавите, целосно погрешното дејствување за време на поплавата, и тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата од страна на Коце Трајановски и неговиот ментор Никола Груевски.
Наместо да ги предупреди граѓаните за поплавата и да го вклучи алармот, Коце Трајановски отвораше турнир во мал фудбал, кога во медиумите веќе имаше предупредувања за можно невреме во Скопје.
Коце Трајановски како градоначалник не упати никакво известување и тревожење за Скопјани да можат навремено да се подготват за силното невреме и можните последици.

Коце Трајановски беше дел од злосторничкото здружение на власт кое ја пушти во употреба обиколницата која го поплавуваше Стајковци и околината и пред да се случи катастрофалната поплава.
Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно лажеа дека 93 литри дожд на метар квадратен е непредвидлива катастрофа што се случува „еднаш во илјада години“, знаејќи дека во 1979 година во Скопје има наврнато 110 литри на метар квадратен!

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не ги чистеа редовно одводните канали, а парите за таа намена ги делеа по партиска линија.

Коце Трајановски беше дел од злосторничкото здружение на власт кое трошеше стотици милиони евра на споменици и барокни фасади, наместо за заштита од поплави и пожари. Злосторничкото здружение на власт продолжи со изградба на Панорамско тркало од речиси 19 милиони евра, не сакаше да ги пренамени парите за помош на настраданите и за спречување на идни поплави, а механизацијата остана во коритото на Вардар, наместо да биде упатена кон Стајковци.
Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ сеуште не чувствуваат одговорност за десетиците изгубени животи, за стотиците повредени, како и за огромните штети од поплавата за која граѓаните ниту беа предупредени, ниту пак им беше пружена соодветна помош пред, за време, и по поплавата.

Ако имаа грам совест, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ немаше на крајно лешинарски начин да се обидуваат политички да профитираат од маката на граѓаните околу местата кои беа погодени од пожар. Ако имаа грам совест, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ немаше да споредуваат катастрофа со десетици жртви и илјадници уништени домови, за која самите беа најодговорни, со последиците од пожарите во кои за среќа нема никакви жртви и повредени, поради навремените реакции од страна на институциите.

Затоа што немаат ниту грам совест, ниту срам, ниту одговорност, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат казнети од Скопјани на следните локални избори.

ФБ статус на Васко Лазаревски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e