Кукавичките јајца на Никола Груевски

Кукавичките јајца на Никола Груевски, подметнати во туѓо гнездо, се испилија во уште четири затворски казни. По четири години „кокoдакање“ во судот на дел од организаторите на крвопролевањето од 27 април 2017 година, во отсуство од обвинителната клупа на главниот наредбодавач, им се изречени казни од вкупно 25 години затвор. Заедно со претходно осудените 16 лица на 175 години затвор во оваа фаза на судската постапка во врска со насилното попречување на конституирањето на парламентот по веродостојни избори, при што имаше обиди за убиство и повредени пратеници, вкупната казна досега достигна 200 години затвор за 20 луѓе.

Во очекување да се јави кукавицата од Будимпешта со своето вообичаено злокобно „кукање“, изигрувајќи јунак во вакви ситуации од 1000 километри далечина, сместен на безбедно, конечно се покажа неисплатливоста за обидот на насилно уривање на уставниот поредок. Останува сѐ уште незавршена работа – колку од овие два века затворски казни се на душа на Груевски, кој немаше ни грам храброст да ја преземе одговорноста за својата клучна улога на наредбодавач на најсрамниот чин во парламентарната демократија на Македонија. Но, едно е сигурно – соработниците го заштитија Груевски, но тој сите нив ги остави на цедило да ги платат неговите гревови.

Кога авторитарни водачи бегаат, страдаат соработниците
Кога авторитарните водачи бегаат во егзил, исплашени да се соочат со правдата за своите злодела, најмногу страдаат нивните соработници и извршители. Тој страв од одговорност при промена на власта е главниот мотив и да се организира „државен удар“, што во законот е децидно карактеризиран како терористички акт и загрозување на уставниот поредок, што одбраната го толкуваше погрешно пред јавноста како класичен терористички чин, демек не станува збор за терористи од типот на познатите злосторства со кои е соочен светот. Тероризам не е само кога експлодираат подметнати бомби, туку како што вели меѓународниот кривичен суд и кога има злосторства организирани и поттикнати од политичките елити.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e