Кратки нозе: Разобличена е дезинформацијата на Мицкоски за анкетата на Брима

Емисијата „Кратки нозе“ на Цивилмедиа повторно разоткри дезинформации и лажни вести со цврсти факти и аргументи, а во најновото издание тема беа анкетите, за кои дебатираа и лидерите на власта и опозицијата Заев и Мицкоски во меѓусебниот дуел.

Знаејќи дека анкетите како и обично се актуелни во предизборниот период и се главна тема на преписка меѓу партиите, тимот на „Цивилмедиа“ ја анализираше изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со премиерот Заев на Канал5 телевизија, а која се однесуваше на анкетата на агенцијата Брима.

-Оваа анкета од Брима е практично платена отприлика 120 илјади евра со владини пари на тендер. Оваа Брима и таа Брима галуп што постоеше се црно-бело, кажа Мицкоски.

Во „Кратки нозе“ истакнаа дека демант на изјавата на Мицкоски пристигнал од три места. Најпрвин од самата агенција Брима, од каде потврдиле дека се истата агенција која со години наназад спроведува анкети во земјава. Потоа и од весникот „Слободен печат“ исто така потврдија дека тие се нарачател на истражувањето, а се огласи и Владата која ги отфрли наводите дека таа е нарачател на анкетата.

-Јавноста доби одговор која е Брима и кој е нарачател на анкетата, за разлика од анонимни организации кои се појавуваат ненадејно пред избори, кажа водителот Петрит Сарачини.

Инаку, во најновото издание на „Кратки нозе“ беа разобличени и дезинформации за вирусот КОВИД-19, како и за говорот на омраза, за кој јавно се изнесе невистина дека не е кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e