Костадинов за злобните коментари за пожарот во Струмица: На таквите празни души да им простиме!

Јас како и многу граѓани на Струмица сум изненаден од злобните коментари на одредени граѓани, за жал некои луѓе во текот на огнената стихија, како да се радуваа за пожарот.
Мои сограѓани, таквите луѓе не можеме да ги промениме, едноставно се такви со празни души, без грам сочувство и емпатија.
Но убеден сум таквите луѓе се само гласно малцинство, наспроти искрените, наспроти молитвите на добрите луѓе кои во себе го чувствуваат секој атом на пожртвуваност на пожарникарите, на полицајците, на сите кои учевствуваа во гаснењето на пожарот.
Верувале или не на таквите празни души, препорачувам да им простиме, оти тие буквално не знаат што направиле.
ФБ статус на Костадин Костадинов 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e