Костадинов за оркестрираниот напад врз македонската иднина: Се судрија нереализираните амбиции и преголемата поразена суета

Оркестрираниот напад врз македонската иднина, според мене има два извора, од минатото.
Нереализирани амбиции и преголемата поразена суета.
Вчера се судрија самите со себе.
Се изместија од шините изворите од минатото, соочени со можен успех на иднината, уште еден успех на оваа држава.
Затоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од најголеми плукачи на Југославија, станаа најголеми југо носталгичари.
Требаше уште да побараат смена на името на Музејот од жртвите на комунизмот кој сами го направија.
Смешно не смешно тоа е.
Двата извора од минатото сепак се слаби и поразени.
Мои сограѓани кога решаваме историски прашања, кога сакаме да ги закопаме секирите на злото, и да погледнеме кон иднината, да тргнеме кон иднината, да бидеме обединети, неопходно е да се обединиме и дома.
Ако исклучиво судиме заради грешните траорни постапки од минатото, пишани во историјата, дали тогаш сите треба да си се извиниме себе но и кон сите други генерално за грешки кои не сме ги направиле?
Едно знам.
Функцинерите на вмро дпмне треба да се извинат за уништувањето на оваа држава цели 11 години, за Скопје 2014, за убиството на Мартин, за терористичкиот напад на собранието од 27 април, за крвавиот 24 декември, за тепањето на студентите, за уништувањето на сите неистомисленици кога нивната партија вмро дпмне, била власт.
Да простиме, но да не заборавиме е совршената формула, за да тргнеме напред, растеретени од тежините на минатото.
Да гледаме напред кон иднината.
Минатото да не биде камен кој ќе не држи во место

ФБ статус на Костадин Костадинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e