Костадинов: Одговорив на предизвикот на младите од ВМРО-ДПМНЕ и секако дека и во иднина ќе одговарам

Политичкиот активизам е убава работа. Особено за младите.

Низ мојата политичка кариера сфатив дека примарната цел на политичарот треба да биде обединувањето.

Од таа причина веднаш одговорив на предизвикот на младите од ВМРО-ДПМНЕ и секако дека и во иднина ќе одговарам.

Верувајте тоа е начинот за сите подобро да функционираме.

Откако ЈПДП, директорот Китанов го асфалтираше патот и го реши проблемот со собирањето на водата, јас имам еден предизвик до младите и од СДСМ но и од ВМРО-ДПМНЕ.

Околу тој дел кај што се собираше вода има простор да засадиме дрвца и цвеќиња кои можат да се засадат овој период од годината.

Јас ќе купам дрвца и цвеќиња, а вие заедно засадете ги.

Пуштете ја пораката, од Струмица, пораката на обединувањето и заедништвото и спремноста заедно да се залагаме за нас, за државата, без разлика на партиската и било каква друга определба.

После тоа пак може да имаме различни ставови по многу прашања, различни идеологии…

Младино вие сте на потег.

ФБ статус на Костадин Костадинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e