Костадинов: Нашата земја и покрај сите нанесени неправди, со мирољубива политика секогаш успевала да опстане

Еден од најважните сегменти од историјата на македонскиот народ е процесот на осамостојување на Р. Македонија.
Самиот процес на осамостојување и создавање на независна држава може да се смета за симбол во поновата светска историја.
Патот кон кој чекореше нашата земја беше трнлив, исполен со интриги, многу неизвесности, ризици и опасности.
Нашата земја и покрај сите нанесени неправди, со мирољубива политика секогаш успевала да опстане, да се бори за своите права, зачувувајќи го достоинството и интегритетот на своите граѓани.
Денес Северна Македонија е пример за регионална стабилност и клуч за развој и просперитет.
Нашата земја денес е меѓународно призната и е пријател со демократскиот свет.
Честит и вековит празник – 8ми септември – Ден на независноста.
ФБ статус на Костадин Костадинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e