Колозова: Го памтам Вардариште од ВМРОвска ера, ќе гласам за Шилегов

Сега дознав дека Даниела се викала Данела, кандидатката за градоначалник на Скопје. Пази ни името не сум и’ го запамтила. Вака, може да ме наречете пак прикриена СДСМ-овка, но фактите се следниве: дадов потпис за ЗХГ, и за цело време ги поддржував, на општинско ниво за градоначалник го поддржав кандидатот на ВМРО, но на ниво на Град Скопје, извинете, не можам Данела да ја поддржам.

Доволна ми е една причина – најголемата енергија како активист што сум ја вложила од моја 19 годишна возраст е таа за правата на животните, а ЈП Лајка е стационарот за каков се борев цел живот. Да, направен со доцнење, да – не стерилизираа две години, НО конечно, еве, го има во формата во каква сите ние што крв плукавме во битки за овие прашања од 1992 до денес сакавме да го видиме. Е сега, Данела дава изјава пред некоја недела која покажува дека нема поим дека “Лајка” постои и што точно прави. Второ, го памтам Вардариште од ВМРОвска ера. Значи, само ова ми е доволно во втор круг да гласам за Шилегов (пошто Ана од ЗХГ не можам). И вака, активистите се во право кога викаат дека “Лајка” може и подобро, но со Данела “Лајка” само на полошо ќе оди, а не па уште и да координира општински стационари да се отвараат. Толку од мене: да, “ќути, може и полошо” ми е аргументот, но да – може, и тоа ми е стравот, и од таму и ставот. ПС плус супер списание поддржал 🙂, плус направи нешто за споменот на Колозов.. ете, тоа ми се, пак, личните причини.

ФБ статус на Катерина Колозова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e