Кој мисли зло не пее

Секоја година, на 3-ти мај (вчера), кога „се паѓа“ Меѓународниот ден на слободата на медиумите, секое „пискарало“ (како мене) кое држи до себе во професијава наоѓа за потребно да каже некој мудар збор за важноста на таа работа (слободата на медиумите) за опстанокот на демократијата.

И: Ваистину воскресе! Слободата на медиумите во Македонија, денес. Толку многу, што станува опасно – за опстанокот на демократијата!

Ова е моментот во кој „брзите прсти“ на професионалните фејсбук-скрибомани (некакви луѓе кои по цел ден, како трутови – мажјаци во пчелното семејство, иако знаат да бидат и жени – одат од пост на пост и неуморно пишуваат свои коментари, како да немаат попаметна работа… а, можеби и немаат?!) ќе рипнат публично да ве расчеречат – а-хааа, ете го, го фативме! – за секоја запирка во текстот (најчесто, иако лично не се познавме, ми се обраќаат на ТИ), а си дозволуваат злобни, цинични, навредливи коментари за кои во секоја пристојна кафеана се превртуваат маси и столици: мајки, шајки, ти-ли-бе, колку-те-плаќаат (мене, пристојно), а што не пишеш за оној и за она, туку само за овој и за ова… Итн.

На времето – што ќе рече, пред дамнешни 3-4 години – во сите релевантни домашни и меѓународни извештаи, регистерот на реалното загрозување на слободата на медиумите во Македонија се движеше од селективно делење големи државни пари, преку државни закани, малтретирања и затворања, до разни видови институционални шиканирања. А, денеска? Превладува една забелешка: државата е спора и неволна во заштита на новинарите од закани и напади од разни будали. Најчесто, од истите оние кои, многу одамна, до пред 3-4 години беа со власта. Тук-там во некаков контекст ќе се спомне и МРТВ, но на таа тема веќе никој не ѝ придава големо значење, како што во дом на обесен за ортома не се зборува.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e