Кога ќе завршат приказните за предавства?

Тоа многу добро го научи и намесникот на Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Штом ја преземат власта, како што велат од партискиот врв, веднаш ќе ги поништат сите предавнички договори, ќе ги ослободат невино осудените од режимот, а на нивно место ќе ги стават предавниците и државните непријатели. Се додека има луѓе кои веруваат во вакви приказни опасноста од исчезнување на Македонија не е надмината.

Во суштина тоа е и најбрзиот пат за распаѓање на државата. Поништувањето на постигнатите и ратификувани договори со соседите водат кон тоа Македонија да се претвори од фактор на стабилност на Балканот во познатото историско јаболко на раздорот.

Распаѓањето на државите на Исток, по падот на комунизмот, не е ништо ново и во поновата историја. Денешните генерации граѓани на Македонија веќе го видоа тој ужас кој, најверојатно поради тоа што немавме човечки жртви и воени разорувања, брзо ги заборавивме трагичните слики од распадот на Југославија.

Ако само малку чепнеме по тогашните настани, патриотизми, предавства, и одбрани на националните интереси и достоинства брзо ќе се открие денешната фаталната сличност со тоа што се случи само пред три децении. Македонија и покрај членството во НАТО се уште поради внатрешните битки за власт е на крстопат кој може фатално да заврши поради големите ѓурултии и лажни тревоги за национални предавства. НАТО може да не брани од надворешни агресии, но никој не може да не одбрани од самите себе кога секој ден се продава лажната приказна дека се прави пазар со националниот идентитет и со македонскиот јазик.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e